fbpx

Дали имам законска основа да го тужам работодавачот затоа што не ми доделија степен на кариера поради трудничките боледувања?

Вработена сум во кривичниот суд ОСС1 и се работи за исплата на степен на кариера. А кој што законски треба да ни го дадат како износ од 5% на плата што значи на мене и на некои колешки кои бевме тогаш на трудничко боледување, образложението на тогашниот секретар беше степенот на кариера бил доделен во периодот од 2010 до 2012, а бидејќи сум била на боледување тој период не ми следувал. Сега повторно сум на трудничко боледување ме интересира дали имам право да ги тужам што не ми доделуваат степен на кариера. Од 2010 до 2017 година земам помала плата од другите мои колеги каде што нив им е израчунат тој степен и земаат 5% поголема плата од 2014 до сега. Имам 11 години стаж во судот, а никаков степен на кариера не ми даваат, бидејќи сум била на труднички боледувања. Дали имам законска основа да ги тужам за тоа што ме оставија со помала плата од колегите поради трудничките боледувања?

Одговара Милан Живковиќ од Фондација Фридрих Еберт – Скопје (ФЕС)