fbpx

Попис 2020: Ќе се попишуваат и оние кои не живеат во МК повеќе од една година

На следниот попис ќе се попишува дијаспората, вклучувајќи ги и граѓаните кои се отселени повеќе од една година. „Не очекувам розова слика, но бројот на иселени треба да го знаеме“ вели Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика. Ова беше една од причините за пропаднатиот попис во 2011 година.

Благица Новковска, поранешната директорка на ДЗС апелира дека во овој период е неопходно јасно дефинирање на категоријата „дијаспора“ за да не се добие искривена слика.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Соња Петрушевска Снимател: Иван Поповиќ Монтажер: Ристе Душковски

Тагови: