fbpx

Од парапетче до инвазија на дивоградби

Од крајот на 2017 година, до април годинава во Охрид се легализирани 250 дивоградби, усвоени се 40 нови урбанистички планови и издадени се само 3 решенија за уривање дивоградби. Локалната самоуправа на овој начин директно ги крши препораките од УНЕСКО за суспензија на градежните зафати.

Истовремено, новата регулатива што треба да овозможи мораториум за градење никако да стигне на седница на Владата. Додека локалната и централната власт се „зафатени“, непоправливо се уништува Охридското крајбрежје и сериозно се загрозува културното наследство.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Соња Петрушевска Снимател: Иван Поповиќ Монтажа: Ристо Душковски

 

Само за 18 месеци, општинските власти во Охрид одобриле легализација на 250 дивоградби. Во истиот овој период од ноември 2017 до април 2019 година биле сменети 40 урбанистички планови, а донесени само три решенија за отстранување на градби.

Масовната легализација на дивите градби во целиот охридски регион се случува непосредно пред Самитот на УНЕСКО, кој ќе се одржи за помалку од два месеци, а на кој ќе се одлучува дали Охрид ќе се вброи на листата места со светско и културно наследство во опасност.

Кога во 2017 година експерти на УНЕСКО беа во посета на Охрид препорачаа целосен мораториум на сите градби и стопирање на легализацијата на дивоградбите се додека не се изработи план во кој ќе се одбележи заштитната  карјбрежна зона во која ќе се забрани градење и регионите во кои се претпоставува дека има културно наследство.

„Работата е како на јуриш со сите овие урбаистички планови, а не сфаќаме дека нема враќање назад. Вакво делување е сосема спротивно на она што го бара УНЕСКО.  Препораката на УНЕСКО за стопирање на легализација на дивоградби е резултат на веќе настанатата видлива штета и на крајбрежјето и во рамки на самото заштитеното подрачје.Тоа што веќе е направено со Законот за легализација на бесправно изградените објекти е  огромна штета – тоа е евидентирани и во самиот национален парк Галичица и во самиот предел на охридското крајбреќје каде објекти од времен карактер станале бетонски градби“ рече Александра Бујароска граѓанската организација „Фронт 24/42“.

Бујароска вели дека не гледа политичка волја да се реши проблемот. Законот за мораториум кој требало да се донесе во февруари лани, се уште не поминал ниту  на владина седница.

Во меѓувреме долж целото охридско крајбрежје но и во центарот на Охрид никнуваат висококатници и хотели.

{loadposition vnatre-vo-prikazna-1}

Огромен простор во близина на Билјанините извори е ограден со лимени тараби – на овој простор се планира да се гради хотел.

Висококатници, платформи издигнати над езерото, објекти во цигли го освоиле веќе целото охридско крајбрежје.

Изградбата на спорниот хотел во Лагадин е запрена по бурната реакција на бројни здруженија против оваа дивоградба за која рекоа дека се гради против сите прописи за заштита на животната средина, затоа што влегува во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кој не се дозволени објекти од цврста градба.

{loadposition vnatre-vo-prikazna}

Но на линија со спорниот објект се начичкани уште десетина градби со неколку ката кои се сега затворени иако на огласи нудат апартмани за туристи.

Долж патот над езерото се испружени и платформи кои како привремени објекти работат со години. Градежните машини бревтаат и на планината Галичица.

{loadposition vnatre-vo-prikazna-3}

„Во националниот парк Галичица има околу 400 диво изградени објекти кои што најверојатно во наредниот период  треба да се легалзиираат ако се прифати новиот Закон кој што е во Собрание . Не се води сметка дека со легализацијата всушност се легализира  криминал, поради тоа градење на било каква градба без дозвола за градба е криминално дело, односно работа против Закон“ рече д- р Трајче Талевски - Охрид СОС.

„Драматичниот пад на Галичица е една од  причините поради кои и Галичица и Охрид и целиот тој регион е ставен на листата на Унеско, а ние со сите овие градби, со сета оваа урбанистичка инфраструктира што ни се случува одиме токму кон уништување на она  поради што е прогласено ова подрачје за заштитено“ вели Александра Бујароска – Фронт 24/42.

Од општина Охрид не одговорија зошто се игнорираат препораките на УНЕСКО за мораториумот за градење и се продолжува со  масовната и претерана урбанизација која драматично се шири без план, и покрај апелите на меѓународната и домашната стручна јавност дека непоправливо се уништува природата.

{loadposition vnatre-vo-prikazna-4}

Тагови: