fbpx

Колку е правичен македонскиот систем на здравствено осигурување?

Половина од приватните трошоци за здравство на едно просечно домаќинство, одат за лекови. Тоа се доплатите за лекови на позитивната листа или за партиципација, но и за лекови кои ги купуваме на своја рака.

Во истражувањето на Фајнанс Тинк се истакнува дека нашиот систем на здравствено осигурување не е фер кои оние кои најмногу го полнат Фондот. Истражувачите констатирале дека иако 21% од населението е евидентирано како сиромашно, сепак во Фондот за здравствено осигурување има од 25-27%, што значи дека за 4-6% од населението придонесот го плаќа државата.

Исто така, уплатените придонеси не соодветствуваат со трошоците на осигурениците. Излегува дека најпривилегирани се земјоделците и сиромашните кои најмногу ја трошат државната каса, а најмалку ја полнат, наспроти вработените и пензионерите.

Ден Дончев, директорот на Фондот за здравствено осигурување  вели дека затекнал големи долгови. Засега не најавува покрупни реформски промени.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии, во соработка со Фајнанс Тинк. Новинарка: Маја Блажевска

Тагови: