fbpx

Жените раководат со третина од фирмите во Македонија

Родовиот јаз во бизнисот во Македонија се гледа низ два податока: жените се сопственички на 1/3 од регистрираните компании во земјава и вториот, нивните фирми остваруваат само 10 % од профитот. Неодлучноста кај жените да започнат свој бизнис се должи на бројни културолошки и социјални фактори, од кои клучно е тоа што се воспитувани да се грижат за семејството, а не за кариерата.

Здружението на бизнис жени нуди различен тип поддршка за професионални обуки, менторство и совети за искористување на можностите што ги нуди Агенцијата за вработување.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Институтот Изида Вита.

Тагови: