fbpx

Кога подигнувате изводи од матични книги, внимателно проверете ги податоците уште додека сте на шалтер. Ако подоцна поведете постапка за исправка на личните документи, ќе треба да платите 250 денари за административна такса и за тоа ќе треба да чекате 15-30 дена.

Повеќе ...

Во Македонија има успешни луѓе кои направиле грешки во нивниот развој, но денес се влијателни во своите индустрии.

Повеќе ...

Томислав Георгиев ја освои наградата „Жан Моне 2018“ во категоријата „најдобра професионална фотографија“ што традиционално ја доделува Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите во Македонија.

Повеќе ...

Секој следен градоначалник смее да си дозволи да рече дека проблемите се наследени од претходните градоначалници, но тоа не е решение, коментира актерката Симона Спировска во влогот на ResPublica.

И после 27 години од воспоставувањето на независноста на Македонија. граѓаните се` уште се соочуваат со правна несигурност, со селективна правда, со сиромаштија и со несоодветен одговор на институциите кога станува збор за остварување и заштита на човекововите права, вели Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Во Скопје отсекогаш имало повеќе станови отколку семејства. Анализите на некои делови од градот покажуваат дека ако според планот на изградба биле планирани дополнителни 10 проценти на станови, се граделе и до 400 посто плус, вели професорката по архитектура Дивна Пенчиќ.

Повеќе ...

Да се најде нешто што на општеството му недостига, а вам ќе ви донесе пари. Да се изгради долго замислуваната идеја почнувајќи од нула, така што безусловно ќе ги вложите сите вештини – вака отприлика звучи процесот на создавање на еден стартап. Не постои загарантиран успех, но патот до него го трасираат упорноста и желбата да се создава.

Повеќе ...

Кој треба да ги одржува скривниците, особено ако се поплавени? Дали социјалните згради треба да имаат куќен совет? Не живеам во станот, но треба ли треба да плаќам домарина? Ова се меѓу најчестите прашања што стигнаа до #СамоПрашај. Одговорите ги добивме од Ракип Малоски, претседател на Регулаторната комисија за домување.

Повеќе ...

Македонија има паметни и образовани млади луѓе на кои им е потребна поддршка за да станат одлични претприемачи, оценуваат професорот Стивен Бренд и Кристин Келтерборн од Институтот „Вилијам Дејвидсон“ при Универзитетот во Мичиген. Тие за време на својата посета на Македонија изминатата недела имаа прилика да се сретнат со бројни претставници од македонската бизнис заедница.

Повеќе ...

„Повеќето простори за ко-работење во светот се започнати со минимум ресурси. Затоа, не очекувам Скопје и Охрид веднаш да отворат гигантски вакви простори кои ќе бидат финансиски одржливи. Најдоброто за овие модели е што ќе можете да ги создавате по своја волја, без да мора да ја продадете душата на инвеститор или банкар“, вели американски претприемач Рајан Чатертон, кој работи во Македонија да го подобри претприемачкиот стартап еко-систем.

Повеќе ...

Зошто луѓето да купат нешто од социјално претпријатие, а не од обична продавница? Дали ресторанот на сопственикот треба да му донесе базен, куќа на Водно, или наместо тоа може да вработи глувонеми лица? Како социјалното претприемништво да биде одржливо, без зависност од донатори? Токму ова се прашањата кои во првата епизода, за Радио МОФ ги одговараа Ирина Јаневска, основач на ARNO, Климентина Илијевски, извршен директор на Паблик / Public и главен уредник на Лице в лице, Тунан - продавач на списанието „Лице в лице“ и Дарко Јовчевски од Вело Кафе.

Повеќе ...

Блаже Аризанов, претприемач од Струмица кoj во 2011 година замина во Индија и по четири години со стартапот „StayUncle“ предизвика мини револуција во древната земја. Со негови зборови, „’StayUncle’ е компанија која се занимава со хотелски простор за невенчани млади парови. Зошто баш тоа? Бидејќи во Индија во 21 век секојднавно милиони двојки страдаат од морални предрасуди“.

Повеќе ...

Додека жестоко се дискутира за одбрана на македонскиот јазик, Македонија нема лекторати за македонски јазик на странските универзитети во други држави. Од ВМРО-ДПМНЕ, во чие владеење беа затворени лекторатите, велат дека не е тема да се навраќаме на причините, а заменик-министерот за образование Петар Атанасов не може да каже кога повторно Владата ќе ги отвори лекторатите.

Повеќе ...

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов вели дека станува збор за голем процес. Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат да се направи сериозна проценка бидејќи граѓаните ги плаќаат програмите и учебниците според Кембриџ.

Повеќе ...

Во 2006 г. во Македонија од рак умреле 3.419 лица, а во 2016 г. - 3.882. Најмногу жртви од рак има во Скопскиот и во Пелагонискиот регион. Од Институтот за јавно здравје немаат одговор зошто баш тука е најголем бројот на заболени. Се уште нема регистар на малигни заболувања преку кој ќе се евидентираат видовите заболувања, бројот и возраста на пациентите.

Повеќе ...

selektivnata pravda e se poprisutna tesko se ostvaruvaat gragjanskite prava„Од мај се намали бројот на поплаки на граѓаните, имале надеж дека ќе има подобрување и ќе можат во институциите да ги решат своите проблеми. Но за жал, од ноември повторно бројот на поплаки почна да расте“, рече Омбудсманот Иџет Мемети презентирајќи го Извештајот за почитувањето на човековите права и слободи во 2017 (Фото: М. Златевска)

Нема подобрување во степенот на почитување на правата и слободите на граѓаните, напротив има дури и влошување, рече денеска Народниот правобранител Иџет Мемети, презентирајќи го Извештајот за почитувањето на човековите права и слободи во 2017 година.

Во Извештајот стои дека партизираната и непрофесионлана администрација на централно, а особено на локално ниво, е сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, селективната правда е сè поприсутна, популистичките и непримеливите правни прописи го отежнуваат остварувањето на правата на граѓаните, лошиот систем на извршување ги погодува најсиромашните граѓани, има појава на дискриминација по сите основи, судството и обвинителството сe неефикасни, а полицијата со примена на сила ги надминува своите овластување.

„Нема подобрувања, има само места каде има влошување на состојбата. Ретко каде има напредок. Од мај се намали бројот на поплаки на граѓаните, имале надеж дека ќе има подобрување и ќе можат во институциите да ги решат своите проблеми. Но за жал, од ноември повторно бројот на поплаки почна да расте“, рече Мемети.

Народниот правобранител кажа дека нема подобрување во работата на судството и јавното обвинителство. Во овие институции граѓаните и понатаму немаат довоерба. Голем број поплаки лани имало и за работата на извршителите како и отсуството на реални реформи во затворскиот систем.

„Партиските вработувања во администрацијата на локално ниво и натаму се присутни. Го повикувам министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски под итно да пристапи кон порадикални и конкретни промени во овој систем, со цел обезбедување стручна и ефикасна администрација. Со жалење констатирам дека во 2017 година полицијата непрофесионално пристапуваше, применувајќи двојни аршини во работата. Со приведување на пратениците беше повредено нивното право на пратенички имунитиет и принципот на презумпција на невиност“, кажа Мемети.

Минатата година Народниот правобранител имал 4.185 претставки, од кои 1.137 биле за повреди на човековите права и слободи, и во споредба со 2016 година за 5.92 отсто намален е бројот на констатирани повреди.

Мемети даде пофалба за начинот на комуникација која ја воспоставиле со Министерставата за образование, за здравство, за финансии, за правда и за внатрешни работи.

Годишниот извештај на Народниот правобранител ќе биде доставен на разгледување во Собранието.

Текстот е преземен од www.sdk.mk

А. АНТЕВСКА

Професорот и економист Трајко Славески вели дека вториот пензиски столб учествува со преку 25 проценти од вкупниот дефицит што го генерира Пензискиот фонд и дека покрај тоа, е тотем за кој не се зборува.

Повеќе ...

Од Владата велат дека состојбата во Пензискиот фонд е сериозна и дека во моментов преиспитуваат како да се санира големиот дефицит на средствата потребни за исплата на пензиите.

Повеќе ...

Од Владата велат дека состојбата во Пензискиот фонд е сериозна и дека во моментов преиспитуваат како да се санира големиот дефицит на средствата потребни за исплата на пензиите.

Повеќе ...

Здравствен дом Скопје чека одобрение од Министерствата за финансии и за информатичко општество и администрација, за да може да ги преземе вработените во затворските амбуланти во Казнено-поправниот дом Идризово и во Казнено-поправната установа Скопје.

Повеќе ...

Високи 96 % од средношколците во Скопје се со деформитети на грбот, покажале наодите од систематските прегледи. Докторите алармираат дека фрапантните бројки постојано растат и се должат на намалената физичка активност, несоодветните големини на ученичките клупи и столчиња и тешките ранци. Советуваат дека лекот е во редовни вежби за растегнување и помалку време пред компјутер и телефон.

Повеќе ...

Валандовската котлина била најплодна котлина во бивша Југославија, а племенитите јужни овошки на Валандово му даваат посебен белег. Валандовчани сметаат дека добивката од рудникот Казандол ќе биде многу помала од тоа што тие го очекуваат од овоштарството, ратарството, градинарството и полјоделството.

Повеќе ...

Измените во Законот за минерални суровини, со кои се забрануваат сулфурна киселина и цијаниди во рударските процеси, ги збуни валандовчани за почетокот на работата на рудникот Казандол, кој се наоѓа во плодната валандовска котлина. Едни се надеваат дека со овие измени рудникот нема да може да работи, додека други се скептични дека новиот закон ќе важи за овој рударски комплекс. Градоначалникот на Валандово вели дека зборувал со премиерот Заев да се најдат правни норми за да се затвори ова прашање.

Повеќе ...

Бездомните, а заловени кучиња во „Вардариште“ се сместени во објект што се распаѓа, со минимално греење, во смрдеа. Храната во боксовите е оддалечена десетина сантиметри од кучешкиот измет. Никој не сака да вдоми куче кое ќе го види во вакви услови, велат невладините. Кучињата ќе почекаат за подобар живот: Петре Шилегов вели дека не може да се почне со долгонајавуваната реконстукција, бидејќи објектот е дивоградба, па прво ќе треба да заврши легализацијата.

Повеќе ...

Се укинуваат одредбите од Законот за државни службеници со кои им следуваше награда од една плата за вработените кои добија највисоки оценки на тестирањето. Ќе нема ни казни ни за оние со најниски оценки.

Повеќе ...

zagaduvanjeto e krsenje na covekovite pravaНадлежните власти без одлагање да почнат изградба на прописни регионални депонии според сите стандарди заради остварување на правото на граѓаните за живот во здрава животна средина, вели Народниот правобранител Иџет Мемети (Фото: СДК.МК)

Граѓаните на Македонија имаат право на здрава животна средина и властите, било локални или државни, мора да сторат сè, за да им овозможат живот во подобри еколошки услови. Проблемот со цврстиот отпад и депониите да се реши, заеднички во интерес на жителите, рече холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, чија земја со свои стручњаци го поддржа проектот „Циркуларна економија, искуства на локалните самоуправи во управување со отпадот“, а се однесуваше на рециклирање и правилно складирање на отпадот.

„Луѓето во Македонија заслужуваат решенија за проблемот и од присутните имаше согласност дека ова е проблем во однос на човековите права. Меѓутоа, тој може да се реши со заеднички пристап на централните институции, Министерството за животна средина и градоначалниците, директорите на комуналните претпријатија кои што работат со отпадот и со нашата холандска вклученост и помош од нашите искуства“, изјави амбасадорот Пломп.

На работилницата која се одржа во Велес, беше презентирано истражување што го спроведе канцеларијата на Народниот правобранител Иџет Мемети, кој рече дека со години државните институции не посветуваат доволно внимание за зачувување на животната средина и не се преземаат конкретни мерки, иако законодавството е усогласено со тоа на ЕУ.

„Има закон, но во пракса истиот не се спроведува, поради недоволната совест на тие што треба да го спроведуваат. Поради тоа им порачувам на надлежните во земјава, сериозно да пристапат кон квалитетно спроведување на прописите. Истовремено, без одлагање да пристапат кон изградба на прописни регионални депонии според сите стандарди заради остварување на правото на граѓаните за живот во здрава животна средина“, рече Мемети.

Нико Бојаџиев, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, презентираше поразителни податоци за состојбата со одлагањето на сметот. Половината од Општините го депонираат отпадот, а само во една од пет вршат селектирање на отпадот и тоа делумно.

„Во Македонија 42 од Општините го депонираат отпадот, а регионални депонии користат 14 Општини. Само 19 Општини во земјава вршат делумно селектирање на отпадот. Во најголем дел од селските – рурални населби сметот не се собира и се расфрла насекаде. Затоа диви депонии никнуваа насекаде покрај патиштата, шумите, плажите, реките и буквално насекаде“, рече Бојаџиев повикувајќи се на истражувањето за депонирање и управување на отпадот во 2016, спроведено од тимот на Омбудсманот.

За моменталната ситуација со отстранување на отпадот зборуваше Јадранка Иванова, раководител на Секторот за ЕУ при Министерството за животна средина и просторно планирање. Таа нагласи дека во земјава не постои депонија освен Дрисла, која ги задоволува стандардите за селектирање и депонирање на отпад и која е во согласно со Законот за управување со отпад.

„Отпадот кој ќе се одлага на новите регионални депонии, ќе биде соодветно третиран, ќе се селектира, ќе се вадат корисните фракции и тоа што останува на крај ќе се депонира. Не станува збор за класична депонија кои денес ги гледаме, туку за еден многу современ систем. Во новите регионални депонии сè ќе биде направено според ЕУ стандардите и најмал исцедок нема да продира во почвата и нема да има никакво загадување на подземните води и земјиштето. Најблиску до изградба на овој систем од осумтте региони во земјава се два – Источниот и Североисточниот Регион. Тие веќе имаат обезбедено средства во рамките на ИПА 2 фондот. Тоа се околу 39 милиони евра и годинава треба да почнат јавните набавки, да се започне со изградба на самите депонии, набавка на возила и контејнери на сите комунални претпријатија кои се вклучени во овие региони“, рече Иванова.

На оваа работилница присуствуваа и дел од градоначалниците на Општините, кои ја искористија можноста да го кажат ставот дека не се согласуваат со локацијата за изградба на регионални депонии, во нивната Општина, и побараа да се преиспитаат понудените локации.

Текстот е преземен од www.sdk.mk

П. ПЕЧКОВ

„Исплатливост на работата“ е една од шемите за гарантиран минимален доход, која доделува одреден процент (50-70%) од заработениот доход до 9.000 денари, во форма на социјална помош.

Повеќе ...

Редовно се одржуваат мерните станици за следење на квалитетот на воздухот, на секои две недели, тврдат во Министерството за животна средина, но истовремено признаваат и дека немаат доволно пари за нив.

Повеќе ...

Основниот суд Скопје 2 конечно го ослободи од стравот и траумите Гуте Миленковски од скопското село Марино, кој никогаш немал централно градско парно, а поради тоа што му беше украден идентитетот, беше тужен од АД Топлана Скопје Север како должник за неплатена сметка од пред 6 години. Тој беше осуден место вистинскиот должник Гуте Милановски од Бутел.

Повеќе ...

Граѓани од цела Македонија го затрупаа Народниот правобранител со претставки зашто Управата за јавни приходи не им ги враќа парите од радиодифузната такса, која во септември се укина, а тие предвреме ја платиле за цела година. Се работи за предвреме платени средства за месеците октомври, ноември и декември.

Повеќе ...

Колку е развиена мрежата на ракометни школи во Македонија и какви се условите за тренирање? ResPublica видео подкастот со спортскиот директор на Металург, Ванчо Димовски и тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски гледајте го на http://respublica.edu.mk/podkast/311-respublica-9.

Повеќе ...

Колку треба да изнесува годишниот буџет на еден ракометен клуб за да биде конкурентен на европските и светските првенства? ResPublica видео подкастот со спортскиот директор на Металург, Ванчо Димовски и тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски гледајте го на http://respublica.edu.mk/podkast/311-respublica-9.

Повеќе ...

Македонија го заврши минатото Европско првенство во ракомет како 11-та од вкупно 16 земји учеснички и немавме ниту една победа. Кои се прогнозите за ова првенство на легендарниот пикер и спортски директор на Металург, Ванчо Димовски и на тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски. Целиот ResPublica видео подкастот гледајте го на http://respublica.edu.mk/podkast/311-respublica-9.

Повеќе ...

ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот. Каква штета му прават овие честички на организмот, објаснува  Мими Кимовска Христова, педијатар и член на О2 Коалицијата за чист воздух.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка од О2 Коалицијата за чист воздух

Осумнаесетгодишна девојка од Скопје која живее како бездомник, годинава не успеала да извади лична карта, и покрај тоа што е државјанин на Република Македонија и има извод од матичната книга на родени. Случајот го пријавила во канцеларијата на Народниот правобранител, која отворила предмет и се обидува да го реши овој проблем на сите оние кои поради различни приичини останале без адреса на живеење, а потоа не можат да ги извадат потребните документи и да ги остварат своите права.

Повеќе ...

Околу 100-тина граѓани ги тужат „Комунална хигиена“ и градот Скопје и бараат оштета од околу 1.500 евра оти ги каснало куче. Само до октомври годинава скоро 300 граѓани побарале да се вакцинираат на Инфективната клиника поради истата причина.

Повеќе ...

Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола.

Повеќе ...

Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница.

Повеќе ...

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација.

Повеќе ...

Народниот правобранител ѝ препорача на Владата да направи измени на Законот за лекови и медицински помагала, со кои што ќе се зајакне постапката за безбедност и квалитет на лековите од паралелен увоз.

Повеќе ...

До Нова година амбулантите во затворите во Идризово и Шуто Оризари ќе ги преземе Здравствен дом Скопје, кој за околу 2.000 затвореници треба да обезбеди медицинска грижа и заштита како што е организирана во слободното општество.

Повеќе ...

Ковач од Куманово остана без дуќан кој го добил од Општината пред 34 години, откако го продало Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Без никаква најава, минатата недела сопственикот Насер Рамовски добил извршно решение во кое се бара да го напушти деловниот простор кај Автобуската станица бидејќи има нов газда, и да плати 1.000 евра оштета на претпријатието и на извршителот.

Повеќе ...

Два малолетни сирака, брат и сестра од Србија, чија тетка од Скопје добила старателство врз нив откако им починале родителите, една година се без денар од семејната пензија која Пензинскиот фонд на Србија им ја исплаќа секој месец. Семејната пензија од 225 евра за двете деца, комплетно им ја одзема извршител, бидејќи стигнува на сметката на нивната тетка-старател, која од ланските поплави навака, поради катастрофата што ѝ се случила во домот, не е во можност редовно да ги плаќа ратите од кредит.

Повеќе ...

За да знаеш за кого да гласаш најпрво треба да се информираш! З.Г. НЕКСУС-Граѓански Концепт направи веб апликација за ТЕБЕ на која ќе можеш да прочиташ кратки делови од програмите на кандидатите од ТВОЈАТА општина и така самиот да одлучиш која програма е најблиска до прашањата од ТВОЈ интерес.

Повеќе ...

Затворот во селото К`шање близу Куманово повеќе од еден месец нема постојан лекар, па за здравјето на осудените лица трипати неделно се грижат доктори од Здравствениот дом Куманово. Според Народниот правобранител, тоа не е доволно со оглед дека во затворот престојуваат околу 200 затвореници, меѓу кои и луѓе со сериозни здравствени и психички проблеми, на кои им е потребно континуирано лечење.

Повеќе ...

„Чудесен свет”. Ваков натпис нѐ пречека на влезот во домот за средношколци „Здравко Цветковски” во скопската населба Карпош. Големата четирикатна градба, која на прв поглед однадвор ви изгледа како свет на сивило. Објектот остава впечаток како да е незавршен и долги години да го чека својот финиш. Му недостига нова фасада, која ќе го заличи и ќе му даде живот на сивилото. И не згрешивме, објектот беше стар 45 години и речиси исто толку ја чекаше надворешната шминка.

Повеќе ...

Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет.

Повеќе ...

Месната самоуправа во Македонија не е облигаторна форма. Формирањето на месни заедници во селата и урбани заедници во градовите, единствено зависи од волјата на градоначалниците и советите на општините. Нерешениот правен статус на месните и урбаните заедници, како и недостатокот на финансиски средства, простории за работа и основни материјални средства го оневозможуваат развојот на месната самоуправа, како основна форма на здружување на граѓаните во функција на решавање на локалните проблеми.

Повеќе ...

Пожарите во март, само на територијата на Пијанец и Малеш изгореа над 200 хектари шума. Сите пожари се предизвикани од човечки фактор, а штетите се бројат во милиони, но последиците се немерливи.

Повеќе ...

Цигли, даски, покуќнина, иззабени камења и рамки без слики. Така денес изгледа местото каде што пред една година беа четирите старите куќи што на општината Штип и’ ги подари кардиохирургот Жан Митрев, а сега се само руина. Од најавата дека една од куќите ќе се реконструира со средства преку Источно Планскиот регион, нема ништо. Од општината се лути на Источно планскиот регион, велат дека без образложение биле пренасочени за општина Виница

Повеќе ...

Кога ќе се спомене Дојран и погранично место, веднаш првата асоцијација е на трговската размена со посетителите од јужниот сосед, која значително се зголеми во последните години на економската криза што ескалираше од другата страна на границата.

Повеќе ...

Политичката криза може многу семејства во Охрид да остави без леб.Ако нема разрешница, предупредуваат туристичките работници, тогаш таа сериозно ќе удри врз туризмот кој е водечка стопанска гранка во градот. Иљадници граѓани го очекуваат доаѓањето на туристичката сезона како можност да заработат некој денар повеќе, како би го преживеале остатокот од годината.

Повеќе ...

Предлогот за референдум, преку кој граѓаните на општина Валандово ќе се изјаснат за изградба на рудник, доаѓа во време кога компанијата веќе напредна во градежните работи. Почната e градбата на рудникот, се поставува магистралниот цевковод, оформени се бедемите на работното и на акумулационото езеро.

Повеќе ...

Mасовизација со инфлација на дипломи и дипломирани луѓе што не знаат елементарни работи од тие додипломски студии, е описот кој што го дава професорот Абдулменаф Беџети за високото образование во Македонија. Според него, реформата што се прави е про-форма, без да се навлегува во суштината. Во разговорот за МКД.мк зборува за клиентелизмот во високото образование, за перењето пари, за асиметријата меѓу омасовувањето и потребите на пазарот на трудот, за немањето волја кај политичарите да се справат со реалните проблеми...

Повеќе ...

На протести излегоа струмичките земјоделци. Побараа од институциите да не ги манипулираат, бидејќи како што рекоа, изморени се да ја барат ветената државна помош, со која претходната влада на големо се рекламираше. Доста е од популизам, време е, како и нашите деца да си спакуваме куферите, велат земјоделците. Од Министерството за финасии засега нема одговор.

Повеќе ...

По Скопје, Штип е вториот град каде државата се одважи да изгради Дневен центар за аутизам. Го најавуваа со години, министрите за труд и социјала се менуваа, но колку реално Центарот ја подобри социјализацијата на децата со аутизам, кои и понатаму се на општествените маргини.

Повеќе ...

„Моето дете е малолетник. Јас сум му старател, а не наставниците и директорот. Тие имаат обврска да го образуваат, а не да му ја полнат главата со лични идеологии и да го тераат да протестира. Ако само одлучи, јас може и да го сфатам, па и да го поддржам, но не смее некој друг да го злоупотребува и манипулира. Тоа е недозволиво!“

Повеќе ...

„Се радувам што имам ново другарче. Убаво беше да се дружиме со врсници од различни националности“, вака реагираа деца од основни училишта од повеќе градови во Македонија на неодамнешната конференција со која заврши петгодишниот проект за меѓуетничка интеграција во образованието во Македонија.

Повеќе ...

Народниот правобранител Иџет Мемети по сопствена иницијатива отворил постапка против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, кој од ученици беше снимен на мобилен телефон како држи политички говор во училиштето и агитира кај учениците против наводно воведување на двојазичност, менување на химната и знамето на Македонија, против воведување на албански симболи, на монети и друго. Директорот Кире Николоски е истакнат член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Повеќе ...

Додека стружани се гушат од  чадот и неподносливата смрдеа кои се шират многу често од градската депонија која се наоѓа на стотина метри од првите куќи секојдневно се зголемува бројот на заболени од рак во општината. Депонијата е место каде повеќе од една деценија се фрла најразличен вид на отпад, а која на Струга и оневозможува нормално да живее. Стружани со право велат дека таа претставува канцерот на градот.

Повеќе ...

Eтничката дискриминација е еден од најчестите основи за поднесени претставки до Народниот правобранител во Битола - битолското Картон Маало (Фото: СДК.МК)

Повеќе ...

Дојранското Езеро некогаш важеше за избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа.  Денес веќе се шпекулира со бенефитите кои може да ги понуди. Во овие неколку години, а особено во последните три, езерото си го врати својот некогашен сјај, дури и повеќе од тоа, изобилувајќи со вода која жителите велат одамна ја немало во толкава количина. Но, од друга страна, квалитетот на езерската вода е под знак прашалник, а брзата и навремена еколошка заштита, како и во многу други случаи во Македонија, и овде заостанува, што од бирократски, што од економски, и можеби повеќе профитерски причини.

Повеќе ...

Финансиската дискриминација кон албанските училишта, недостигот од паралелки и нивната пренатрупаност, големиот број јазични и контекстуални грешки во учебниците и мешањето на политиката при изборот на наставничкиот кадар се само дел од проблемите со кои од независноста на Македонија се соочува образованието на албански јазик. Дводецениските реформи не ги постигнаа потребните резултати, законите се ретроградни додека учениците и наставниците-Албанци оценуваат дека образовниот систем не е погоден за нив.

Повеќе ...

Во Тетово цели станбени згради со станови за продажба се нелегално изградени. Никнуваат огромни зданија на згради буквално на секој слободен простор.Тетово продолжува да расте нелегално. Ќе се одважи ли локалната власт да урива пред новите локални избори?

Повеќе ...

Дваесеттина нови висококатници ќе никнат на неколку локации во Охрид. Граѓаните, експертите и некои од градските советници во општинскиот совет велат дека сето ова не е во интерес на градот и дека изградбата на новите згради ќе влијае врз квалитетот на воздухот кој охриѓани сега го дишат. Локалните власти уверуваат дека Охрид се урбанизира плански.

Повеќе ...

Повеќе од три години жителите на пет села од Општината Чешиново – Облешево се без матичен лекар. Жителите преку петиција побараа Општината да го реши проблемот, бидејќи секое одење на лекар во Кочани за нив е трошок. Младите лекари до сега не покажаа интерес за работа на село, од каде не можат да градат кариера. Во 21-от век, доаѓањето до здравствена заштита овие близу 5000 жители е пат поплочен со трње.

Повеќе ...

Оваа гарнитура од локална власт на заминување ќе остави релативно среден систем на наплата на данок на имот. Но, овие градоначалници на граѓаните ќе им остават обврска за плаќање на данок, кој е заснован на највисоката законска граница, базиран на нови проценки на имотот, кои донесоа решенија зголемени за неколку пати од тие што претходно ги плаќаа. Она што за локалната власт е вовдеување на даночна дисциплина, за граѓаните е само уште една повисока давачка што мора да се плати.

Повеќе ...

Лицето со попреченост 20 месеци плаќа по 950 денари кирија за руинираниот стан, иако не може да се всели оти Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор не го поправа ниту одговара на преставката поднесена кај Народниот правобранител

Повеќе ...

Невладината организација „Гоу грин“ денеска го дообјасни нивниот одговор на прашањето од граѓанин – Зошто ги сечат дрвјата кога имаме загаден воздух?, откако Град Скопје вчера реагираше дека бројките за состојбата со зеленилото во градот наведени во одговорот не се точни.

Повеќе ...

Градот Скопје реагира на одговорот на НВО „Гоу грин“ на прашањето од граѓанин за платформата СамоПрашај.мк - Зошто ги сечат дрвјата кога имаме загаден воздух? Во видео одговорот претставникот на „Гоу грин“ Антонио Јовановски вели дека имаат анализи од 2002 година, според кои во Скопје имало зеленило од 74.000 кубни метри, а во 2016 година од 19.000 кубни метри, што значи четирикратно намалување на фондот на зеленило.

Повеќе ...

Жителите на штипско Ново Село стравуваат дека концесионерот кој ја доби концесијата за користење на термо-минералната вода од локалитетите ,,Кежовица и Л,џи“ ќе стави катанец на на Л’џите. Тие сметаа дека и водата и самиот локалитет се дел од историјата и традицијата на оваа древно и историско место и како такво треба да се заштити и од општината и од Државата.

Повеќе ...

Се менуваа министри за екологија, се менуваа градоначалници, но само дивата депонија во Тетово цели десет години остана на исто место. И додека тетовчани се гушат, државата дава само морална поддршка, под изговор дека е тоа работа на општинските власти. Лошата миризба и чадот ги трујат тетовчани до ден денешен.

Повеќе ...

Бизнисот цвета во полуилегалната индустрија на изработка на семинарски, дипломски, магистерски, па и докторски трудови. Треба да си само малку „изверзиран“, па за кусо време да можеш без проблем да го напишеш она што ти е порачано преку објавениот оглас. Резултатот е, од едната страна дополнителна заработка, а од другата хендикепиран човек со високо образование. И на крајот, никој не може или не сака да ѝ застане на патот на ваквата практика. 

Повеќе ...

Одбиените земјоделци, кои бараат директна помош од државата, позната како субвенции, се жалат дека решенијата со кои се одбиени, ги добиваат со задоцнување и со поминат рок за покренување постапка.

Повеќе ...

Офицерски дом во Битола е срам за Градот на конзулите. Сјајот и раскошот на некогашниот гламурозен објект се заменија со крш и пустош, а убавината стана грдото лице на градот. Ова е сликата за Офицерскиот дом во Битола после повеќе од еден век од  неговата изградба. Најубавиот архитектонски бисер на Широк сокак e целосно запуштен и претворен во руина, во исто време буди чувство на сожалување, но и гнев кај минувачите.

Повеќе ...

Старите селски водоводи во неколку делчевски села кои се дотраени и градени со средства од жителите уште пред 50 години, им создаваат главоболка и на жителите, но и на општината. Наместо редовно снабдување со вода, околу 2000 жители од делчевските села Ѕвегор, Чифлик, Вирче, но и неколку маали од селото Нов Истевник, и во лето и во зима имаат проблем со вода за пиење. Па, оваа ситуација, и денес во 21-от век, го отвора прашањето како да се дојде до чиста вода за пиење.

Повеќе ...

Повеќе ...

Бојкот на настава и блокада на општината, е една од најавите на учениците Македонци од Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ пред почетокот на второто полугодите. Учениците и родителите бараат Општината Тетово да овозможи нормален образовен процес.

Повеќе ...

Туристички Дојран има дирекна автобуска линија само до три градови во државата, а такси превозот е луксуз- ако се најде. Граѓаните се жалат дека одењето до поголемиот град Струмица на преглед во болница, ги чини минимум 1000 денари. Општината Стар Дојран одговорноста ја префрла на државата.

Повеќе ...

Годишно губиме до 1.200 смртни случаи заради последиците од загадениот воздух. Со тоа, аерозагадувањето е најчестата еколошка причина за смртност кај населението. Ако не се почне со преземање сериозни мерки против загаденоста, луѓето многу помлади ќе заболуваат хронично од белодробни, срцеви и мозочни болести, а животниот век ќе се скрати за најмалку 4 години.

Погледни ги предупредувањата на проф. д-р Драган Ѓоргев, специјалист по здравствена екологија, и #Прашај.

Повеќе ...

Шар Планина стара колку и приказната за неа. Природно подготвена да ги прими сите кои доаѓаат да ја видат. Меѓутоа, наспроти подготвеноста на планината,човекот не создал услови. На Шар Плнина, има само три планинарски дома, кои се сам делумно подготвени да ги примат оние кои сакаат да си ја одморат својата планинарска снага.

Повеќе ...

На седницата во јули,УНЕСКО нема да му го одземе статусот на заштитен град. Но, тоа не значи дека на следната седница на Комитетот на оваа светска организација нема регионот да биде стане на листата на загрозени подрачја. Тоа пред се' зависи од македонските власти дали ќе ги прифатат препораките од јуни минатата година на Унеско и ќе променат нешто во своите планови за реализација на повеќе инфраструктурни проети.

Повеќе ...

Граѓаните не поднесуваат ни претставки до Народниот правобранител поради неодговорното однесување на општините кое ги чини здравје, а може и живот.

Повеќе ...

Од буџетот на Општината Штип, каде се прибираат граѓанските пари, и во 2017 година најмногу ќе се троши за реконструкција на улици. Од 15 милиони евра од буџетот, 43 отсто од парите предвидени за капитални инвестиции, ќе одат за улици.

Повеќе ...

Жители на охридското село Подмоље, каде се наоѓа една од пумпните станици на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро се жалат дека непречистена вода со фекалии многу често се влеваат директно во езерото, поради што се шири неподнослива смреда.

Повеќе ...

Министерството за здравство не одговара на Иницијативата на Народниот правобранител за измена на Законот за здравствено осигурување, по преставката на оштетениот работник кој со три мозочни удари останал и без боледување и без работа оти се разболел пред да наполни 6 месеци стаж.

Повеќе ...

Од некогашните 100 евра за секунда отстапен рекламен простор за политичко рекламирање на затворената телевизија А1 на Велија Рамковски, цената за овие избори на националните телевизии падна на едно евро.

Повеќе ...

Тетовски Југохром не работи близу два месеци, а мерењата на квалитетот на воздухот и натаму покажуваат високите вредности на загадување. Како ништо да не промени гаснењето на фабричките печки, кои димеа без филтри. И додека институциите укажуваат дека загадувањето е од загревањето на домовите, сообраќајот и урбанизацијата без контрола, во позадина се одвива битка за Југохром. Од екологијата ќе профитираат поединци,единствено заинтересирани за сопственото богатство. Сторија на Снежана Новаковска

Повеќе ...

На секои 1000 жители во струшкото село Лабуништа има по еден каменолом. Жителите на оваа некогашна општина знаат дека работат осум, а можеби и девет активни каменоломи. Загрижени се дека каменоломите сериозно им го загрозува нормалното живеење како и нивното здравје.

Повеќе ...

Против тетовскиот гинеколог, Казимир Капривњак во Основниот суд се водат два судски процеса – еден за смрт на родилката Виолета Кировска, додека вториот е по тужба на жена од Речица за тешки дела против здравјето. Гинекологот, по кратката суспензија повторно се врати на работа и редовно оперира. Денеска и Основното јавно обвинителство од Тетово побара суспензија на докторот од работно место.

Повеќе ...

Во последните шест месеци пет деца заболеле од рак во Битола. Четири од нив се со тумор на мозокот. Граѓаните вината ја префрлаат на загадениот воздух, која стана една од најжешките политички теми во Битола. Додека граѓаните жестоко протестираат, од Општина Битола ветуваат. Топлификација и гасификација на градот е решенито за проблемот со загадувањето, но не сега, кога заболуваат и деца и стари, туку некогаш, во некои идни времиња.

Повеќе ...

Се зголемува бројот на домаќинства кои трошат голем дел од домашниот буџет за да си го затоплат домот. Пензионери, семејства со мали деца, домаќинства со еден вработен се дел од граѓаните кои се енергетски сиромашни. Додека во Македонија енергетската сиромаштија не е ниту дефинирана, во Европската Унија таа се решава со употреба на обновливи извори на енергија.

Прилогот е изработен во соработка со граѓанската организација Аналитика. Погледни го видеото и #Прашај.

Повеќе ...

Елица Обрадовиќ од Ѓорче Петров му дозволи на градоначалникот Коце Трајановски да ѝ го урнат старото купатило за да се прошири булеварот “Борис Сарафов“, тој ѝ изгради ново на државно земјиште, но Општината го урна и покрај барањето на Народниот правобранител да се стопира решението за уривање.

Повеќе ...

Последните загрижувачки податоци дојдоа од народниот правобранител. Истражувањето од Канцеларијата на омбудсманот покажа дека средношколците низ земјава не учествуваат во донесувањето важни одлуки во своите училишта, што укажува на тоа дека тие се само „патници" низ образовниот процес, без можност посериозно да партиципираат и ги искажат своите потреби.

Повеќе ...

Материјалите од книгите треба да служат како почетна станица од образовниот стадиум на еден ученик. Но учебниците со години наидуваат на јавни критики поради апсурдни толкувања, предрасуди и спорни дефиниции за човековите права и слободи. Заедно со несоодветни наставни програми и целиот заострен општествен и политички контекст - сето тоа создава опасна и небалансирана подлога за младите луѓе да се оформат како личности. Да созреат како индивидуалци со сопствено расудување, со јасно артикулирани ставови, без стереотипи и омраза кон неистомисленици.

Повеќе ...

За Владата беше најдобрата и најголемата инвестиција во образовниот систем, за опозицијата тотално пропаднат проект чија намена било перење пари, за директорите и наставниците постојани проблеми, главоболки, казни, судови и борби да ги сочуваат, за крадците лесен плен и постојана цел, а за учениците скапи, но неупотребливи играчки што никогаш не послужија во образовниот систем за кој беа наменети.

Повеќе ...

Жорж Хадад од мај годинава е претседател на престижниот европски универзитет Париз-1, Пантеон-Сорбона, откако речиси седум години како директор раководеше со одделението за истражувања во секторот за образование на УНЕСКО. Во интервјуто за МКД.мк, Хадад, инаку доктор по математички науки, зборува за предизвиците на универзитетското образование, како и за вистинските цели на високообразовните институции.

Повеќе ...

Жените во просек добиваат околу 12,5 проценти помала плата од мажите. Главна причина за ова е високата неактивност на жените на пазарот на трудот поради лични и семејни причини, грижа за деца и поради школување. Погледни го видеото на граѓанската организација Finance Think и #Прашај.

Повеќе ...

Од 100 денари уплатени даноци, само 12 денари се трошат за капитални инвестиции, а дури 88 денари за тековни расходи, и тоа најмногу за плати, стоки и услуги за јавната администрација. Погледни го видеото на граѓанската организација Finance Think и #Прашај.

Повеќе ...
Нема повеќе содржини

             
             
fb   twit   instagram   youtube
             

blank