fbpx

Ако ти згрешат име во извод, ќе си платиш 250 денари

Кога подигнувате изводи од матични книги, внимателно проверете ги податоците уште додека сте на шалтер. Ако подоцна поведете постапка за исправка на личните документи, ќе треба да платите 250 денари за административна такса и за тоа ќе треба да чекате 15-30 дена. Лани, поради грешки во личните документи, пред Управата за водење матични книги во која работат околу 400 службеници, биле поведени 3.447 управни постапки. Државата инкасирала околу 860.000 денари. Новинар: Катерина Топалова Снимател: Борис Каевски Монтажер: Ристо Душковски Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии

Тагови: