fbpx

Како медиумите се продадоа на партиите

Од некогашните 100 евра за секунда отстапен рекламен простор за политичко рекламирање на затворената телевизија А1 на Велија Рамковски, цената за овие избори на националните телевизии падна на едно евро.

Политичкото рекламирање стана предмет на раскусурување и создавање на клиентилистички однос на медиумите со одделни политички партии, до толку што медиумите се јавија како спонзори на политичките кампањи. Како медиумите ја изгубија битката со партиите, во сторијата на Горан Гаврилов.

kameri media Copyкамери

Во годините на постсоцијалистичка демократија на младата македонска медиумска индустрија и’ се случи економски апсурд на раст на медиумска понуда, пад на побарувачка понуда на политичкиот маркетинг, а сепак, цените на медиумите растеа.

Во деведесетите, кога нетранспарентното политичко трошење беше легално, медиумите добиваа реклами преку посредници, привремени маркетинг агенции кои банктротираа по изборите. Најголем дел од политичките партии остануваа должни кон медиумите, што нужно предизвика појава на клиентелизам.

Клиентелизмот како новокомпонирана форма е средство за плаќање во компензација помеѓу политичкиот субјект и партијата, која ја освојува власта за да му дозволи некаква нова услуга отстапка, тендер, царински прекршок неплаќање социјално и пензиско од милионски износи итн.

Овој процес еволуираше во потранспарентен облик со владино рекламирање кој се дистрибуираше на два начина, директно, со склучување на директни дебели договори, релација влада-медиум. Резултатот беше припејд. Владините реклами, во разни клиентелистички форми по различни дистрибутивни канали, се трансформираа како салдо, коишто можевте да ги прочитате на екстрапрофитабилните телевизии за време на најоголемата економска криза.

Се појави нов проблем - како да се регулира претплатата односно припејд системот за време на политичка кампања.

„Итар Пејо“ солуција Се појави нова „Итар Пејо“ солуција, наречена право на спонзорирање на медиумите на политички партии. Се дозволи нормално законски од бруто прометот на една медиумска фирма во извесен , да може да биде донатор на политичка партија, односно целта е да се намали од реалната сума за плаќање по цена за политички маркетинг. Она што медиумот го примил во претплата со владините реклами, сега виртуелно како спонзор го враќа назад на политичката партија преку наводно „ спонзорирање“ и цената се намалува на половина.

Политичката партија како нарачател е екстремно среќна бидејки сега наместо да плати на државата 18 % ДДВ или сега ќе плати 9%. Што тоа значи за буџетот на државата, и’ беше последна грижа.

1 1m0

ТВ А1 побара и доби 100 евра за секунда На едни од парламентарните избори сопственикот на ТВ А1, Велија Рамковски реши да услови една политичката партија со 100 евра за секунда рекламен простор, под мотото „земи или остави од најгледаната телевизија во државата“.

Истата понуда по 100 евра секунда, беше дадена на опозициската СДСМ, што секако беше прифатена за инает и реализирана. После тие избори, при анализата на буџетите за потрошени пари во изборни кампањи врз основа на официјални ценовници со потрошена секундажа се утврди дека СДСМ по дена од 100 евра секунда и на тој начин потрошил најмногу од сите учесници во изборите и неговата капмања чини 1.500.000 евра.

Ако оваа цена од милион и пол е со пресметано ДДВ од 18 % , тогаш државата на име ДДВ требало да инкасира 228.814 евра.

Заврши изборниот процес, а по него следеа случувањата на ТВ „А1“ , со влез на редовна полиција и со специјалци, така што, во обвинението против телевизијата, меѓу другото стоеше дали се уплатени парите за ДДВ од изборната кампања од фактура од милион и пол евра независно дали е наплатено или не.

Историјатот на болеста ја има регистрирано оваа последица. Сега лекот прво го поттикна ТВ Сител од 2014 година, кога цената на политички маркетинг ја намали на 1 евро секунда, а додека економскиот маркетинг го продава по 25, 50 па и 100 евра секунда, во зависност од терминот. Како е тоа можно да девалвира цената за 50 до 100 пати? Што е мотивот една телевизија да има иста цена како радио? Одговорот е новиот лек. Помалку ДДВ, што на спот од 15 сек. ќе платите 15 евра, плус 2,7 евра ДДВ, речиси ништо. Секако дека оваа цена во 2014 година, не беше наменета за сите партии ама некој од нив искористија помалку, за да изгледа шарено во етер. Но и тие што искористија не се жалеа, бидејки цената е феноменална со малку ДДВ.

Најефтина ТВ Нова на Сеад Кочан Дојдоа новите избори во 2016, па сите се прашуваа дали лекот што го применивме во 2014 ќе го примениме и во 2016. За ова се дебатираше и во Пржино. Падна предлогот.

Депонираните ценовници што ги дадоа во 2014 во ДИК и во АВМУ, (претходно СРД) да важат пак едно евро секунда. И не како минатиот пат да имаме само малку права да купиме туку сите подеднакво.

Дилот беше решен вака: Официјално ќе пишува дека цените не смеат да бидат постари од три месеци, со цел да не расте цената на секунда пред избори, а суштински ќе си важат ценовниците од евро секунда. Дали со овој лек пациентот е задоволен? Одговорот е да, но буџетот на штета на буџетот. Дали комисијата за заштита на конкуренција констатира дека економскиот маркетинг на сите субјекти во Македонија е 10-50 пати поскап од политичкиот маркетинг? Редовните огласувачи, компаниите, плаќаат енормно ДДВ наспроти политичките огласувачи. За јавноста убаво да го согледа здравствениот картон на нашиот политички маркетинг ние направивме директно емпириско истражување на пазарните законитости на младиот македонски медиски пазар.

За предвремените парламентарни избори во 2014 година, на телевизиите најскапа била секундата на 24 Вести, која чинела 7 евра. За буџет од 1000 евра, партиите можеле да купат одвај три минути тв простор. Телма и Алсат имале ист ценовник од 3,5 евра за секунда и за 1000 евра партиите добивале пет минути за реклама. Сител, Алфа и Канал 5 имале речиси идентичен ценовник од1,4 и 1,5 евро за секунда и на овие телевизии за 1000 евра можело да се купи простор од 13 минути за партиско рекламирање.

Две години подоцна на новите предвремени парламентарни избори од декември 2016-та, цените за рекламен простор на телевизиите паднаа. ТВ 24 Вести ја преполови цената и наместо 7 евра за секунда, платеното политичко рекламирање падна на три евра. Алсат поефтини за едно евро, додека Телма цената ја намали за цели две евра и за овие избори секундата чинеше 1,5 евра, колку и цената на Сител. Канал 5 не го промени својот ценовник, додека Алфа од 1,5 евро секунда падна на 60 центи. Најефтина за политичко рекламирање беше новоформираната ТВ Нова со половина евро за секунда.

vizuelizacija33

Од радијата единствено Канал 77 е без промени во ценовникот во двата изборни циклуси од 2014 и 2016 година. Метрополис од 0,07 евра цената за секунда ја зголемил на 1,1 евро. Антена 5 од 0,06 евра на половина евро за секунда а Радио Слободна Македонија од 0,07 евра на 0,2 евра за секунда.

Огласување на ТВ како за еден билборд И додека секаде во светот најскапо е политичкото рекламирање на електронските медиуми, кај нас се случи апсурд и рекламирањето во печетен медиуми, која има далеку помала публика има седум пати поскап ценовник.

Кулминација на припејд лекот беше кога генијалноста на власта дојде до израз со предлог, Закон за владино рекламирање која гарантираше легализација на корупцијата.

Во исто време имаше добра база за одличен ПР дека рекламите се делат по некаков клуч, распоред и тоа го гарантира Агенцијата за медиуми преку некаква избрана агенција, секако тоа ќе се случуваше над милион денари.

За среќа Европската Унија директно интервенираше дека ваков Закон не е во склоп со Европските препораки и истиот се повлече, а медиумите останаа без гарантирани приходи и со забрана за владино рекламирање.

Навистина лекот за евтин платен политички маркетинг со најмал ДДВ во светот е пронајден. Политичките партии се пресреќни бидејќи електронските медиуми ги чини еден „џепарлак“ што е колку поставување на еден билборд.

Скриен клиентелизам Новиот победник не мора да дава никакви повратници во форма на клиентилизам бидејки си платил по цена што ја бараат медиумите.

А тоа што не платил доволно на државата, не е предмет на инспекција на УЈП, ниту на Комисија за заштита од конкуренција. Пациентот има механизам за тоа. Тој ќе биде сопственик на клиниката, па кој смее да помисли. А и се се одвиваше преку официјалната жиро сметка која е наменски регистрирана.

Оваа дијагноза и ова лекување ќе го пренесе својот историјат и на идните генерации и ќе бараат ова да продолжи бидејќи секој сака за малку пари многу музика. А тоа што болницата не заработува ништо од нив, тоа на никому не му е важно.

Само во едно сме сигурни дека во ваквиот случај македонската медиумска индустрија како и да е се однесува клиентелистички кон политичките субјекти, дека со евтините цени, нудењето гратиси, во иднина нешто ќе добие и секако очекува да добие. Губат медиумите и граѓаните, но добива партијата на власт, која на крај ја поседува и државата.

Автор: Kanal77.mk

Тагови: