fbpx

Тендерите и’ пресудија на дивата депонија во Тетово

Се менуваа министри за екологија, се менуваа градоначалници, но само дивата депонија во Тетово цели десет години остана на исто место. И додека тетовчани се гушат, државата дава само морална поддршка, под изговор дека е тоа работа на општинските власти. Лошата миризба и чадот ги трујат тетовчани до ден денешен.

Deponija sm

Граѓаните раскажуваат дека имале секојдневни непријатности со тогашната депонија стационирана во близина на нивните живеалишта. Претседателот на месната заедица „Борис Кидрич“, Мирче Блажески раскажува за животот со депонијата.

  • Депонијата беше на 50 метри од нас и по поплаките на граѓаните кои живееја најблиску до неа решивме да протестираме тогаш кај градоначалникот Муртезан Исмаили, кој ни велеше дека депонијата не се пали туку тоа е нормална хемиска реакција и тоа само се палело.По протестите ќе го однесеа сметот во Русино и потоа пак иста приказна, вели Блажески.
Алармантна била ситуацијата и во времето на следниот градоначалник Хазби Лика кога не можеле да спијат од чад и лоша миризба. Почнале да блокираат улици, по што Лика дал иницијатива да ги прими, меѓутоа прием кај него не добиле.

-Конечно го дислоцираа сметот и на тоа место невладина организација засади зеленило.Време е овој проблем со депонијата да се реши, но треба и во Русино да се решат многу прашања, вели Блажески. Сметам дека треба да се отвори фабрика додава, која ќе произведува деривати од сметот но исто така тоа да е проект на државата затоа што се работи за поголем регион на Македонија и проблем кој со години се провлекува, додава Блажески.

Проблемот со депонијата останал отворен затоа што во тоа време тендерите за менаџирање со тетовската депонија биле откажани од страна на тогашниот министер за екологија Абдилаќим Адеми. Компанијата Хенкел е една од фирмите која била заинтересирана. Сади Беџети, поранешен градоначалник

Глув одогвор на протестите Прво со локација во населбата Борис Кидрич, па по протестите кои во 2006 година ги организираше населението на оваа заедница , истата се дислоцира повторно во непосредна близина на градот или веднаш до фабриката од која Тетово се снабдува со леб и бели пецива – Жито Полог.

Градоначалниците ангажираат приватни оператори, кои се дополнителен трошок на претпријатието кое е немоќно да ги плати со средства од буџетот, па последниве години властите го продаваа имотот на претпијатието за да ги платат обврските кон доверителите. Хајрула Хасани поранешен директор на ЈКП „Тетово“

И додека тетовчани се гушат, државата дава само морална поддршка под изговор дека е тоа работа на општинските власти и покрај тоа што се работи за капитална инвестиција како за стандардизирање на депонијата во Русино, така и за изградба на претоварната станица во Тетово.

Решавање на овој децениски проблем не се постигна ниту со протестите кои се одржуваа пред една деценија ниту со оние од блиско минато на јули 2016 година, кога група граѓани протестираа и фрлија вреќи ѓубре пред влезот на општината.

Поранешниот директор на ЈКП „Тетово“, Хајрула Хасани кој директоруваше за време на мандатот на Хазби Лика вели дека тогаш го решавале проблемот со секојдневно собирање на сметот и транспорт до околните депонии, а потоа до Русино.

Хасани смета дека Тетово му треба стационарна станица каде ќе се врши селекција на сметот со што би се намалила и количината за транспорт до Русино.

-Средствата од граѓаните општината не успеа да ги собере поради организационата поставеност.Затоа сметам вели Хасани дека ЈКП „Тетово“ треба да се оддели на 4 јавни претпријатија за да парите кои луѓето ги даваат за вода да не се трошат за комуналниот смет туку за намената за која се дадени.Затоа на Тетово под итно му треба претоварна станица од затворен тип и тоа блиску во градот за да се намалат трошоците кои би ги имале за транспорт. Градоначалниците ангажираат приватни оператори, кои се дополнителен трошок на претпријатието кое е немоќно да ги плати со средства од буџетот, па последниве години властите го продаваа имотот на претпијатието за да ги платат обврските кон доверителите,вели Хасани.

Хенкел пројавила интерес за тетовската депонија Поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети вели дека проблемот со депонијата останал отворен затоа што во тоа време тендерите за менаџирање со тетовската депонија биле откажани од страна на тогашниот министер за екологија, Абдилаќим Адеми. Како една од фирмите која се јавила на тогашниот тендер Беџети ја наведува компанијата Хенкел .

Наспроти него пак, сегашната градоначалничка, Теута Арифи пак вели дека од нејзините претходници немало никаква документација за да таа продолжи таму каде што тие застанале со решавање на проблемот со депонијата во Тетово.

-Факт е дека кога јас дојдов како градоначалник сметот не се собираше ниту по улиците на градот.За нас приоритет беше да го вратиме кредибилитетот на Јавнто претпријатие.Тоа денес не е проблем . Денес се собира сметот и од ридско планинските села, се воведе миење на улиците, изјави градноачланичката Арифи.

визуелизација теута арифи 2 sm

Решенијата мои се долгорочни и не сакам некому да не оставам ништо, ниту еден документ како што јас затекнав. Теута Арифи, градоначалничката на Тетово

Според неа, останува да се реши транспортот на сметот надвор од градот за што општината урбанизирала неколку локации за кои сметаат дека се добра позиција за модерна станица.

-Во процедура сме на тендерирање за градба на објекотот и таа процедура брзо очекуваме да заврши и на пролет да се започне со градење. Не баравме решенија на див начин да работиме, туку работиме по процедура и добивме дозвола од Министерство за екологија за да можеме да преминеме во еден таков процес кој предвидува селектирање на отпадот .Тетово не треба да има депонија туку станица но со сметот проблем имаат и другите општини затоа што пристапот до депонијата Русино која не е депонија по стандард и е проблематична, вели Арифи.

Како регион се обратиле до амбасадата на Швајцарија и успеале да се квалификуваме кај Агенцијата за развој СЕКО, за проект тежок 5 милиони евра за стандардизирањето на депонијата Русино.

За 2017 год. сите општини се договориле да го финансираат патот до Русино со средства добиени како плански регион.

-Едната локација е поврзана со локацијата со отпадните води во атарот на градот проект со Европската Унија. И е добро според експертите да се на иста локација.Првата фаза оди со објава за градење на објекот тие средства веќе се издвоени од буџетот за оваа година и врз основа на тоа одиме со процедура за јавна набавка додека втората фаза која влегува за следната година е технологијата и би започнала во април.Решенијата мои се долгорочни и не сакам некому да не оставам ништо, ниту еден документ како што јас затекнав вели на градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Власта се менуваше – проблемот остана Од 2000 наваму се сменија 4 градоначалници и 4 министри за животна средина ниту еден од не се одважи да најде вистинско решение за претоварната станица во Тетово. Доаѓаа и си заминуваа вредноста на пм 10 честочките и денес е со висока вредност во тетовскиот воздух, чадот и ден денес се гледа од претоварната станица кој прерасна во депонија и од која демнат заразни болести од кои тетовчани најмногу се плашат.

Автор:Kanal77.mk

Тагови: