fbpx

Кучињата во „Вардариште“ го чекаат „животот“

Бездомните, а заловени кучиња во „Вардариште“ се сместени во објект што се распаѓа, со минимално греење, во смрдеа. Храната во боксовите е оддалечена десетина сантиметри од кучешкиот измет. Никој не сака да вдоми куче кое ќе го види во вакви услови, велат невладините. Кучињата ќе почекаат за подобар живот: Петре Шилегов вели дека не може да се почне со долгонајавуваната реконстукција, бидејќи објектот е дивоградба, па прво ќе треба да заврши легализацијата.

Екипата на #СамоПрашај ги сублимира основните стандарди кои треба да ги исполнува еден стационар.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Тагови: