fbpx

Сакате да им помогнете на другите да не се заразат со коронавирус? Не ширете дезиформации!

Кога некој настан или поголем проблем ќе го привлече вниманието на јавноста, во нашата природа, како луѓе, е да сакаме да добиеме што е можно повеќе информации и што е можно побрзо.

Исто така, човекова природа е да се делува импулсивно за споделување на истите тие информации со пријатели, семејството и со пошироката заедница во обид да ги заштитиме луѓето од лошо. За жал, голем број од ударните вести, особено оние кои се однесуваат на контроверзни, застрашувачки и сложени теми, како што е актуелната пандемија со коронавирусот, имаат тенденција да доведат до голем број на вирални гласини.

Овие приказни, реклами, стории и мемеа брзо се шират од еден на друг, и притоа многу често малку се води сметка за тоа дали содржината е вистинита или не. Некои од елементите е можно да се точни, но повеќето се во вид на дигитални гласини – полувистини, монтирани видеа и слики или целосни фабрикации.

Тие типично „нè ловат“ на емоции, провоцирајќи лутина, страв, љубопитност или надеж и го „прескокнуваат“ нашиот рационален ум и вештините за критичко размислување. Кога имаме итен и силен одговор на некоја информација на интернет, нашиот импулс ги презема активностите: дали ќе ни се „допадне“, дали веднаш ќе го споделиме, со цел да изразиме како се чувствуваме во врска со тоа. Поради тој импулс, и поради тоа што witter, Facebook, Instagram, YouTube и другите платформи без проблем нè поврзуваат со илјадници луѓе (од кои повеќето никогаш не сме ги ни сретнале), оваа содржина се шири брзо низ социјалните медиуми – дури и од една платформа на друга.

Во таа смисла, овие гласини можеме да ги сметаме дека се вистински вирус. Мајк Бејкер, новинар на „Њујорк Тајмс“ од Сиетл, објавуваше на Твитер секоја недела за експоненцијалниот раст на бројот на потврдени случаи со коронавирус во Соединетите Држави. Со еден „like“, споделување или повторно твитање на погрешни и непроверени содржини, истите се шират на социјалните мрежи а бројот на оние кои ќе ги видат тие информации е значително голем.

Кој ги споделува гласините за коронавирусот?

Зошто некој би измислил приказна или би споделил непроверена гласина? Како што посочи и Крег Силверман во извештајот насловен Лаги, големи лаги и вирална содржина а изготвен за Центарот за дигитално новинарство на Универзитетот „Колумбија“, бихевиоралниот економист Кас Санстајн утврди четири главни типови на пропагатори на гласини во неговата книга За гласините:

Еве кратко објаснување кои се овие типови и како тие ги применуваат информациите кои ги гледаме на интернет:

  • Оние кои го промовираат личниот интерес на сметка на други (на пример, луѓе кои шират измами и користат лажни информации за да создадат голем број на следбеници на интернет).
  • Оние кои промовираат интереси на група со цел да обезбедат нејзина наклонетост или поддршка (на пример, луѓе во една политичка партија кои споделуваат лажни тврдења или погрешни видеа за политичар во другата партија).
  • Оние кои се мотивирани со лажни намери (на пример, тролови кои сакаат да ги исфрлат дискусиите од колосек или екстремисти кои спроведуваат свои агенди или омраза на интернет).
  • Оние кои постапуваат од алтруистички причини (на пример, луѓе кои имаат искрена желба да ги предупредат другите за евентуална закана).

Во случајот со пандемијата на коронавирусот, на социјалните медиуми ќе ги забележите сите горенаведени мотивации, и ќе се изненадите кој е најголемиот вектор на дезинформации во сегашнава криза: луѓето кои постапуваат од алтруистички причини со желба да им помогнат на другите да не се заразат – ширејќи притоа дезинформации без притоа да увидат дека истите се неточни или погрешни.

Барајте извори со кредибилитет

Без разлика на намерата, најдобар начин да се заштитиме себеси и другите од инфекција со дезинформации во врска со коронавирусот е да ги провериме фактите пред да споделиме. Има повеќе ресурси и сајтови кои можат да ни помогнат во таа смисла. Некои од нив се следниве:

Текстот е преземен од News Literacy Project.

Линк до оригиналниот текст: https://newslit.org/get-smart/covid-19-misinformation/