fbpx

За нас

„Само прашај“ е онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии преку којашто одговараме на прашања од граѓаните, истражуваме и информираме за теми од јавен интерес.

Нашата платформа е препознатлива како мост меѓу граѓаните и институциите бидејќи овозможува да се пробие нетранспаретноста во која е завиткан јавниот сектор.

Преку интерактивните алатки на оваа веб-страница и социјалните медиуми граѓаните може да постават прашања за проблемите што ги мачат и да добијат релевантни одговори од институциите и од граѓанските организации.

Истовремено, „Само прашај“ преку истражувачки новинарски стории, анализи, видео прилози, фото-приказни и интервјуа информира за важни општествени теми од јавен интерес коишто се подзаборавени од мејнстрим медиумите.

На тој начин, ја будиме свеста на македонската јавност за суштински проблеми од секојдневието коишто го нарушуваат квалитетот на живеење и бараме од надлежните акција за нивно решавање.

„Само прашај“ нуди и едукативни ресурси коишто им овозможуваат на граѓаните полесно да се снајдат во административните лавиринти и да ги разберат општествените проблеми.

На овој начин, „Само прашај“ создава активно граѓанство коешто ќе бара транспарентност и отчетност од институциите и заедно со нив, со граѓанските организации и медиумите ќе придонесат за решавање на општествените проблеми.

Уредник: Владимир Николоски, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., +389 (0)2 3090 004