fbpx

Кога не може да се среди цела Чаршија, барем да се „дотераат“ излозите

Во стручната јавност неколкупати досега се дебатираше околу менувањето на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија и, воопшто, околу проектите за „реновирање“ на нејзиното централно јадро. Нашето истражување покажа дека за три години се склучени договори по три тендери за вакви проекти од различни институции.

Така, Министерството за економија на 29.11.2017 склучува договор со друштво за проектирање,производство,трговија,туризам и услуги „ЈОРД ДООЕЛ“ експорт-импорт Скопје за изготвување на проектно решение за Старата скопска чаршија, Охридската чаршија, Битолската чаршија и Струшката чаршија.

Општина Чаир, со поддршка на Министерство за економија, на 02.10.2019 склучи договор со „Конструктор“ ДОО за обнова на излози на 97 дуќани во Старата скопска чаршија.

Општина Центар, пак, на 3 јуни годинава склучи договор за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија, во согласност со Програмата за развој на туризмот за 2020 година со друштво за производство трговија и услуги „МИ КОМЕРЦ 2000“ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.  

Okupacijata na Starata skopska carsija se meri vo hektari 2 1

Од Министерството за економија велат дека на повикот во 2017 година се пријавиле сопственици на дуќани кои сакаат нивните излози да се менуваат, сѐ со цел враќање на автентичноста.

„Комисија од Министерството за економија, општините и Министерство за култура ги разгледаа барањата и направија список на објекти кои имаат потреба за промена на излозите. Од Струшката чаршија немаше ниту една апликација, затоа во фазата на проектирање истите не се опфатени. Во 2018 година по барање на општините на истите им е продолжен рокот за реализација, при што треба до крај на јули 2020 година да достават извештај за реализација. Според информациите со кои располага Министерството за економија - Скопската чаршија е при крај на работите, објектите во чаршијата во Охрид имаат започнато со работа, додека во Битола поради некои технички проблеми со документацијата, сега започнуваат со реализација“, велат од Министерството за економија.

Во однос на договорот со „Конструктор“, оттаму велат дека според нивните информации тој се спроведува и до предвидениот рок ќе биде завршен. За повеќе информации нѐ упатија во Општина Чаир.

Од Министерството укажуваат дека во согласност со проектната документација, новите излози треба да ја отсликаат вистинската слика на чаршиите, да ја вратат автентичноста, а истовремено да содржат квалитетни материјали.

„За секој објект има конзерваторско одобрение, кое ги има опишано сите детали за секои излог посебно. Материјалот за изработка на излозите е квалитетно дрво и истите не се унифицирани, напротив - сите се различни во зависност како бил нивниот изглед во минатото. Односно со овој проект се вади пластиката и алуминиумот од дуќаните и се враќа дрвото како материјал“, потенцираат од Министерството.

Одговори за новиот изглед од дуќаните побаравме и од фирмите „ЈОРД“ и „Конструктор“. Од првата љубезно нѐ препратија кај Министерството за економија, а од втората не одговорија на нашите прашања.

Новинар: Владимир Николоски

  Целата приказна може да ја прочитате ТУКА