fbpx

Уживајте во промената на општествените норми

„Ние сите заедно градиме компанија која ќе постои и после нас“ е мотото на Ирена Јакимовска, која е сопственичка и менаџерка на компанијата специјализирана за производство за текстил за домаќинство „Комфи Ангел“ (Comfy Angel). Компанијата извезува производи од Македонија, најмногу за британскитот пазар, но и во други земји од Европската Унија.

Uzivajte vo promenata na opstestvenite normi 1

Кога го почнувала бизнисот немала ментор, ниту финансиска поддршка од државата или од инкубатор. Учела од експертизата и технологијата на партнерот и купувач на производите од Велика Британија, со кого соработката ја започнала од случаен разговор. Меѓутоа, понатаму, во процесот на растење на компанијата, се водела од нејзината интуиција и на тимот околу неа. Вели дека тешките одлуки ги носела со верба во најдобрите намери за постоење на компанијата.

Прагматична и чесна се карактеристиките што Јакимовска ги опишува за себе, а за деловните принципи кои ги применува во работењето вели: „Немој да му го правиш никому тоа што не сакаш да ти го прават тебе. Не градите само компанија, туку организација која, пред се`, е одговорна пред вработените, партнерите, купувачите, јавните институции  и општеството.“

Во „Комфи Ангел“ работат околу 900 луѓе.  Јакимовска смета дека компаниите кои паметно вложуваат во развојот на нивните ресурси, свесни се за големото значење на мотивираните вработени за успехот на компанијата. Во нејзината компанија, таа прави комбинација од финансиските бенефиции за вработените со обезбедување подобри услови и поволности при работењето. Вели дека има отворена комуникација на сите нивоа во компанијата и на вработените им обезбедува обуки за кариерен развој, ја почитува нивната креативност и идеи и организира заеднички дружења.

„Често се мисли дека ако на вработениот му дадеш повисока плата и му понудиш бонус за дефиниран таргет, си ја завршил работата. Но, искуството не го потврдува тоа. Финансиската награда може да биде мотивирачки фактор, но не секогаш и на долг рок. Постојат уште една цела низа на мотивациски фактори кои не се базирани на финансиска награда, а кои обезбедуваат силна лојалност и припадност кон организацијата.“, раскажува Јакимовска.

За неа лидерство претставува процес на растење и секојдневно надоградување, со цел да станете посвесни и посовесни најпрво за себе, но и за другите околу себе. А за позцијата менаџер вели дека не е ништо различно од работата на банкар, медицинска сестра или доктор, туку само обврска која мора да се исполни.

„За да бидете успешни на пазарот треба да имате континуитетот на квалитетот и квалитена услуга за купувачите, дополнето со искреност и заедничка соработка“, вели Јакимовска за опстојувањето на „Комфи Ангел“ на европскиот пазар покрај големата конкуренција.

Признава дека во бизнис контактите не среќава многу жени кои се сопственици на компании или се наоѓаат на топ менаџерски позиции.

„Во `Комфи Ангел` воопшто не е проблем жена да биде на раководна позиција. Жените треба да бидат вклучени во процесот на носење одлуки, пред се`, поради природата на жената. Знаат да даваат, да извршуваат различни задачи во исто време и се економични во нивните одлуки“, смета Јакимовска.

Вели дека на почетокот на бизнисот не умеела да направи рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Меѓутоа, сега, кога системот во компанијата е поставен и секој си е одговорен за своите обврски, има и право, и можност, и среќа да се посвети на нејзиниот  приватен живот.

„Се` си има свои предности и негативности. Убаво е кога правите промена во општеството, меѓутоа доколку сте професионалци ништо не се случува без жртвување. Ако сте спремни да жртвувате дел од вашиот живот, мојата препорака е да бидете храбри и да уживате во моментите на промената на општествените норми“, е пораката на Јакимовска до сите жени кои почнуваат со кариерата.

Текстот е изработен од Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Еднаква моќ

Тагови: