Штип стана ново жариште на корона вирусот, а најизложени на заразата се вработените во конфекциите кои за да преживеат, мора секојдневно да ги извршуваат работните задачи. Заедничката екипа на Само прашај и на Македонската телевизија влезе во погоните за да види дали се почитуваат мерките за заштита и со какви проблеми се соочуваат работниците и работодавачите. Првите велат дека сѐ е подносливо освен навредите во јавноста, а вторите дека прават сѐ што можат за да нема отпуштања.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Здравко Петрушевски
Монтажер: Костадин Анастасов