fbpx

Вода полна со фекалии се излева во атарот на село Стојаково

Вода полна со фекалии од канализацискиот систем во селото Стојаково непрочистена се излева во ливадите во атарот на селото. Освен неподносливата смрдеа, проблематично е што тука се напасува стока и во близина се одгледуваат земјоделски култури. Никој не испитува дали преку подземните води има загадување на бунарите кои се користат за наводнување на земјоделските површини во близина на селото. Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии. Новинарка: Сузана Мицева Снимател: Кире Пиличев

Тагови: